Дали мечтаењето е добро за нашето здравје?
Мечтаењето е честа појава кај некои луѓе, и обично се гледа во негативен контекст и луѓето кои го практикуваат тоа ги обвинуваме дека главата им е во облаците, не може да се концентрираат на задачата пред нив, и вообичаено не сме задоволни од нив.
Меѓутоа, најновите студии покажаа дека мечтаење не е ништо лошо, всушност, дека тоа е многу корисна активност што покажува дека тие луѓе кои мечтаат се многу ефикасни.
Една студија покажала дека човечкиот ум е склон кон фантазија речиси половина од денот, а истражувачите кој ја спровеле студијата укажуваат на тоа дека мечтаењето може да мотивира, но и да истошти доколку трае долго.
Сепак, може ли луѓето кои мечтаа повеќе од мнозинството, всушност, да имаат предност? Да, тие може да си ја подобрат иднината бидејќи имаат испланирани цели и стратегии за постигнување на одредени желби за кој мечтаат дури и кога спијат.