ЖивотУбави совети

Дали е време за бебе?

Одлуката за тоа дали е време за бебе е ваша и на вашиот партнер,а не на вашите или неговите родители кои едвај чекаат бебе. За оваа одлука треба да разговарате искрено и насамо со вашиот партнер, а не на фамилијарна вечера.

И пред да започнете да планирате бебе, размислете за следниве неколку работи:

Многу парови се одлучуваат на бебе како би го спасиле својот брак, што е погрешно на многу начини. Односот меѓу партнерите мора да биде емотивно, психички и физички стабилен за да одгледаат здраво дете. Доколку вашиот однос е раштиман, не е време за бебе.

Не ги прифаќајте нормите дека мора да станете мајка до триесеттата година затоа што отчукува биолошкиот часовник. Така само ќе си вршите притисок. Вие сте креаторот на сопствениот живот.

Важно е да бидете свесни дека имањето бебе не е мала и лесна работа. Размислете дали сте подготвени за непроспиени ноќи, хаос во домот и моменти кога ќе мислите дека полудувате… Бидете сигурни дека имате партнер кој сака заедно да поминете низ тоа и ќе ви помага околу сите обврски.

Мислете и на финансискиот аспект. Едно бебе значи многу трошоци. Дали сте спремни за тоа, имате ли можност да ги покриете трошоците, имате ли кој да ви помогне ако подзаглавите пред да стигне платата? Размислете и за тоа!

И на крај, запомнете дека заедно со детето растете и вие во една сосема нова улога која е најодговорната на овој свет, да израснете среќно дете и да го изведете на прав пат.

 

Поврзани статии

Back to top button