Дали бремените жени треба да јадат помфрит?
Германските научници им препорачуваат на бремените жени и на мајките кој дојат да избегнуваат консумирање на пржена храна, која може да содржи акриламид.
Научниците од институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг додаваат дека фетусите и новороденчињата се особено чувствителни на потенцијално штетно дејство на акриламидот, супстанца за која се претпоставува дека е канцерогена. Проблемот е во тоа што акриламидот е лесно растворлив во вода, па така фетусите и новороденчињата се изложени на поголем ризик од возрасните лица бидејќи нивното тело содржи повеќе вода. Акриламидот може да се пренесе и преку мајчиното млеко. Исто така кај фетусите и новороденчињата постои зголемен ризик акриламидот да им предизвика оштетување на мозокот. Со досегашните истражувања е докажано дека акриламидот предизвикува појава на рак кај глодарите. Високо ниво на акриламид се наоѓа во храна пржена на висока температура (особено во помфрит и чипс), па германските научници на трудниците и доилките им препорачуваат воопшто да не консумираат храна пржена на повисока температура од 180 степени, барем додека детето не наполни 3 месеци.
Во секој случај, трудниците не би смееле да консумираат повеќе од 10гр чипс на ден (тоа изнесува околу 20мцг акриламид).
Научниците наведуваат дека за сигурна може да се смета храна пржена на пониска температура од 140 степени.