Убави дестинации

Градот кој ќе ве фасцинира со својата неповторлива убавина!

Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието …
 

Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство.

Седиштето на “светата столица” – Ватикан е во самото срце на Рим, каде се наоѓа најголемата катедрала во светот -”Св. Петар”. Базиликата на Св. Петар била најимпозантна градба во градот речиси 1.000 години, но околу 14-от век започнала да попушта пред забот на времето. Во следните два века била целосно реконструирана и обезбедена.

Токму во Рим се наоѓа единствениот светски музеј посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.

Во Рим преовладува медитеранска клима, со благи и влажни зими и толи и суви лета. Просечна годишна температура е над 20 степни во текот на денот и 10 степени во текот на ноќта.

Јавните паркови и природните резервати покриваат голем дел од Рим и градот има една од најголемите подрачја на зелен простор меѓу европските метрополи. Најзначајниот дел од овој зелен простор е претставен со голем број на вили и убави градини креирани од италијанската аристократија.

Важен центар за музиката и има интезивна музичка сцена вклучувајќи и неколку престижни музички театри.

Претпознатлив како светски модерен град. Големите луксузни модни куќи и синџирите за накит како што се Bulgari, Fendi, Valentino, Brionice, Laura Biagiotti, се основани токму во градот Рим.

Градот страда од проблеми во сообраќајот во голема мера кое се должи на оваа радијална улична шема, отежнувајќи им на Римјаните од околината да се движат лесно од едни на други радијални патишта без да навлегуваат во историскиот центар или со користење на кружниот пат. Надземно јавниот транспорт во Рим е составена од автобуси, трамваи и урбана воз мрежа.

Одлична дестинација за сите туристи е преку целата година!

 

 

Поврзани статии

Back to top button