Убави вести

Големиот воин и неговата храбра ќерка – книга која ќе ве остави без здив, книга која мора да ја прочитате!

Ова дело, кое го носи насловот „Големиот Воин и неговата Храбра Ќерка“, е
уникатна форма на креирање биографска книга за големиот учител на боречки
вештини и спортови ‒ Златко Неделковски. Тоа е човекот кој за својот животен век беше буквално „татко“ на бројни контактни спортови коишто прв ги донел и
применил на овие простори.
Впрочем, за тоа говорат и историските факти и бројните архивски докази.
Златко Неделковски како карактер, иако секогаш беше ѕвезда водилка за своите
ученици, никогаш не се поставил на прво место на пиедесталот. За него
вистинскиот приказ на сопствениот успех беше преку оној на неговите ученици ‒
горд што од секој еден од нив направил човек во времето кога секогаш е полесно да
си во збирот наречен луѓе.
Публикацијата на Биографијата во оваа текстуална форма и со оваа техника на
сликовит приказ, што го следи неговиот земен живот, е одлука на неговото
семејство. Причината за тоа е што Неделковски беше човек кој на прашањето:
„Зошто секогаш го бираш потешкиот пат во животот?“, со насмевка
одговараше: „А зошто мислите дека гледам повеќе од еден, исправен пат?!“.
За земен живот 60 години се мала цифра, но животот на Неделковски беше од онаа
догма „исполнето одживеан за три“.

Дијана Неделковска е ќерка на големиот учител на боречките вештини и спортови ‒ Златко Неделковски. Родена е во Битола. Таа е афирмиран спортист и, исто како и нејзиниот татко, одлучува да работи во овој град.
Менаџирајќи меѓу образованието, личниот живот и спортската сала, од мало љубопитно девојче израснала во жена која е професионален спортист.
Посветено ја води светски познатата Академија за боречки вештини и спортови „ЗА – НЕД – ДО“ во Битола, која по загубата на нејзиниот татко е преименувана во „Златко
Неделковски“.
Тргнувајќи по стапките на татко ѝ, таа станува учител со висок ранг во низа боречки
вештини и спортови, а лично [ токму како него ] формирала целосно уникатни, свои
методологии и програми за работа со најмладите и со понежниот пол.
Неделковска не е само учител, таа е исто така и активен спортист.
Таа е неприкосновено најголемата спортистка што ја имала земјата во којашто се родила, а државата никогаш не ѝ оддала признание за тоа. Дијана е трикратен светски првак во дисциплината екстремна самоодбрана во апсолутна категорија [мажи и жени над 18 години] во три засебни светски организации и асоцијации за боречки вештини и спортови.

 

Поврзани статии

Back to top button