Од васУбави муабети
Ги прочитавте ли книгите на Емилија Златкова Анастасова?
Нашата драга писателка Емилија со своите приказни односно со своите дела ни праќа многу пораки и не учи на многу животни лекции.
Препорака за книги од Даниела Стојановска
1. Детето во снегот – книга посветена на децата со аутизам. За тоа дека треба да ги почитуваме и цениме и нив исто како сите други бидејќи и тие имаат свои вредности. И дека секогаш треба да им подадеме рака а не да им вртиме грб.
2. Новогодишна ноќ – книга која те тера на солзи. Приказна која те тера да ја свариш вистинската смисла на “Семејството” и неговата вредност. И да свариш колку еден родител е спремен да се жртвува себеси за да ги спаси своите сакани, односно своето семејство.
3. Неверство – Книга од која сваќаш дека не секој што ти се прави пријател ти е вистински. За тоа дека не треба да му се верува секому. И за да сватиш кој ти е навистина пријател а кој не.