Вчера по повод Ден на планетата Земја ученици од прво и трето одделение го обоија училишниот двор!
Ученици од прво и трето одделение по повод Ден на планетата Земја го обоија дворот на ООУ,,Ѓорѓија Пулевски,, во населбата Аеродром сино-зелен. Учениците испратија еко- пораки и не потсетија нас возрасните како треба да се однесуваме кон нашата планета.
* Засади дрво, засади цвет за поубав свет.
*Штеди вода- тоа е во мода.
* Не ги сечете шумите, потребни им се на нашите бели дробови.
*Капка вода- капка живот.
*Не ја загадувај водата, таму живеат рибите.
* Вози велосипед.
Убав сончев ден 22 Април, надвор мириса на љубов, безгрижност и детство. Секој од нив има специфичен мирис. А учениците знаат како да го негуваат тоа. Со срце, за планетата Земја. И да, ако можеме да ги промениме обувките и облеката, тогаш можеме да го промениме и светот, ако почнеме од СЕБЕ и тоа СЕГА!!!- ни порачаа наставничките Д. Кузева, Ф. Јаневска и К. Глигоровска.