Воодушевете се од убавините на најмалата нордиска земја!
Наш предлог за дестинација е кралството Данска која е најмалата и најјужната нордиска земја. Се наоѓа северно од Германија, југозападно од Шведска и јужно од Норвешка. Данска се наоѓа во Скандинавија, но не и на Скандинавскиот полуостров. Се состои од полуостровот Џиланд, островот Фин, Сјеланд и Борнхолм и многу мали острови, наречени Дански архипелаг. Излегува на Северно и Балтичко море.
Главниот град на Данска е Копенхаген. Град полн туристи во секое време од годината. Магијата на градот нема кого не маѓепсала. Мештаните се љубезни и гостопримливи. Интересно е што не може а да не го забележите нивното знаме, бидејќи е на секаде закачено и впечатливо. Данската органска храна исто така ќе ви остави силен впечаток.
Климата во прекрасната Данска е умерена, без екстремно ниски или високи температури. Февруари е најстуден месец во годината.