Во последно време мермерот на голема врата влегува во домовите!
До пред неколку години мермерните парчиња во домот се сметаа за или кич или класиката, се во зависност од целосната поставеност на одреден простор – но во последно време мермерот на голема врата влегува во домовите.
Трендот е широко проширен од страна на блогерите за внатрешен дизајн и тренд блогерите на нивните профили на Инстаграм го фаворизираат, и благодарение на бројните следбеници, полека влијаат врз масата.
Тие главно се залагаат за минималистички стил, кои, во потрага по нешто ново и различно, го откриле мермерот како идеален и интересен материјал.
Парчињата направени од мермер стануваат клучна точка во просторот. Неговите имитации се исто така чести поради високата цена на мермерот.
Овој прекрасен камен го наоѓа своето место во сите простории на домот. Во кујните се користи како работна плоча или ѕидна покривка во различни бои. Кујната збогатена со овој камен добива нова димензија и дава впечаток на луксуз. Мермерот се истакнува со својата убавина. Софистицираноста и елеганцијата на кујната со мермерни површини доаѓаат во прв план во сите стилови на уредување.
Во трпезариите мермерот штосно ги краси масите и столиците. Во дневната соба најактуелен е на клуб масичките и столните ламби.