Брзи и вкусни чорби за вашите деца
Децата не секогаш сакаат да јадат супи или чорби, а тие се толку здрави и неопходни. Но, следниве предлог рецепти за чорби вашите деца ќе ги обожаваат, бидејќи се неодоливо вкусни.
Чорба од моркови
Потребни ви се малку путер, малку праз, 3 големи моркови, 2 лажици мед, ловоров лист и коцка за супа
Растопете го путерот на тава, па додајте ги ренданите моркови, медот и ловоровиот лист и динстајте додека да омекнат. Додајте ја коцката за супа и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Смесата потоа варете ја во литар вода половина час.
Пилешка чорба
Потребни ви се пилешко бело месо, исецкани моркови, ловоров лист, целер, пашканат, сецкани компири на коцки и сецкани тиквички.
Ставете ги водата, белото месо, морковите и ловоровиот лист да варат во тенџере. Кога водата ќе зоврие, оставете го тенџерето на тивок оган уште дваесетина минути. Откако пилешкото ќе се свари, извадете го и тргнете го настрана. Во тенџерто додајте ги целерот, пашканатот, компирот и тиквиците и уште еднаш нека зоврие. На крај додадете го исецканото пилешко.
Чорба со карфиол
Потребни ви: голема главица карфиол, путер, компир исецкан на коцки, коцка за супа од зеленчук, рендано сирење.
Стопете го путерот во тава, па додајте ги ситно сецканиот карфиол, компирот, коцката за супа и сирењето. По десетина минути смесата преместете ја во тенџере и оставете ја да се вари. Откако ќе проврие, оставете ја на тивок оган уште половина час. Откако ќе се олади, изблендајте ја смесата со блендер или миксер.