Вкусна идеја за денешниот ручек!
Не знаете што вкусно да подготвите за денешниот ручек? Ние имаме супер интересна идеја за вас – пржени крокети со печурки. Направете вкусен оброк во кој ќе ужива целото семејство.
Потребни состојки: 12 мали печурки вргањ, 3 варени јајца, 30гр лук, 20гр мелени бадеми, 20гр пармезан, 50гр лебни трошки, 1 јајце, масло и сол.
Варените јајаца испасирајте ги и измешајте ги со истолчениот лук. Потоа добиената смеса изматете ја со 1 лажица масло и со малку сол. На крајот додадете ги мелените бадеми, пармезанот и 20гр лебни трошки. Смесата распоредете ја врз тава, прекриена со намастена хартија и ставете ја во фрижидер. Кога смесата ќе се стврдне, од неа направете повеќе мали топчиња. Извалкајте ги во јајцето изматено со малку сол, па во останатите лебни трошки и ставете ги во замрзнувач да се здрват. Пржете ги во загреано масло. Вадете ги врз салфета, па сервирајте ги со печурки кои сте ги исекле на половина и сте ги испржиле на масло. Декорирајте и уживајте. Наздравје!