ЖивотУбави совети

Вицеви за убав ден!

Добро познато е дека смеењето го продолжува и разубавува животот, и баш поради токму овој факт ви нудиме неколку вицеви кои ќе ве насмеат до солзи!

Си бил некој турист и отишол во Охрид. Таму ја паркирал колата и една баба од прозорецот му вели:
– Синко кревет!
И туристот одговорил:
– Не фала, имам апартман.
Потоа бабата повторно рекла:
– Синко кревет!
И туристот пак одговорил:
– Не фала, имам апартман.
Туристот отишол да се прошета и кога се вратил му ја немало колата. Тогаш бабата рекла:
-Ти реков синко кревет… Кревет со пајакон.

 

– Димче, зошто татко ти денес беше на училиште?
– Учителката го викна за да се жали од мене.
– И што стана?
– Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

 

Кој ја измислил модата?
– Грдите жени, … а убавите биле доволно глупи за да ја прифатат.

 

Разговараат двајца во кафеана:
– Ех… Едно време многу сакав една жена.
– И што? Се омажи за друг?
– Ма, јок бе! Се омажи за мене!!!

 

На една плажа охриѓанец продава сладолед. Доаѓа женска сосема гола и му нарачува сладолед во корнет.

Но охриѓанецот се загледал во неа, па не трепка:

-Што е, што зјапаш? – го прашала подналутено женската.

-Ма не те гледам јас тебе, туку гледам од каде ќе ги извадиш парите за да ми платиш.

 

Одат двајца пензионери по улица и разговараат.

Првиот: -Како си?

Другиот: -како да бидам, ме болат коскитем грбот, нозете, рацете… а ти?

-Јас се чувствувам како новороденче!

-Како новороденче? Зошто?

-Па немам коса, немам заби и утрово се измочав в гаќи.

 

Што е тоа главоболка?

Омилено контрацепциско средтво на жените!

 

Поврзани статии

Back to top button