Ви се чита книга?
Ако сте на мисла која книга да започенете да ја читате ние ќе ви ја разрешиме таа мака. Имаме предлог од три интересни книги кои кои вреди да се прочитаат!
Сонувај малку (Сузан Е.Филипс) Добредојдовте во Салвејшн, Северна Каролина – каде еден човек кој има заборавено што значи тоа нежност запознава жена која нема што повеќе да изгуби и заедно се впуштаат во смешно и трогателно патување на срцето… до место каде нивните соништа можеби и можат да се остварат.
Тајната на сопругот (Лиен Мориарти) Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано… Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг. Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки.
Нешто позајмено (Емили Гифин) Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки. Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава.