ЖивотУбави совети

Бруталните вистини за животот

Животот е една прекрасна авантура која треба да ја доживувате со сите сетила. На моменти ќе има пречки, падови, порази, но и тоа е дел од живеењето. Никој не рекол дека животот е лесен, ама е прекрасен.

Сепак, треба постојано да имате на ум неколку вистини за животот кои никој нема да ви ги каже, а за кои доколку добро размислите и преземете нешто ќе бидете посреќни.

Социјалните мрежи ти го крадат времето, тивко, неосетно. Наместо да уживаш во она што ти се случува во животот, ти жалиш дека не ти се случуваат нештата кои им се случуваат на другите.

Само ти одлучуваш како ќе реагираш. Имаш потполно право да се нервираш цел ден поради некој трач или ситна кавга. Исто така, имаш потполно право да ги игнорираш луѓето кои те полнат со негативна енергија и да не дозволиш ништо да ти го расипе денот.

Мора да штедиш! Не знаеш што те очекува утре или идниот месец! И не, не треба да започнеш со штедење од понеделник, туку веднаш!

Најголемиот ризик во животот е избегнувањето да ризикуваш! Излези од комфорната зона. Направи нешто со својот живот. Сонувај големи соништа, мрдни го задникот и исполни ги! Храброста е секси!

И можеби најсуровата вистина е онаа дека ни најсреќната врска не може да те направи да се чувствуваш комплетно! За да го сакаш другиот, мора да се сакаш и цениш себеси. За да бидеш среќен или среќна во врска, еднаш треба да бидеше среќен сам/а!

 

Поврзани статии

Back to top button