ЖивотУбави совети
Брз и лесен рецепт за вкусни соленки со сусам
Потребни состојки:
130 гр сирење
1 јајце
100 гр путер
малку сол
150 гр пченкарно брашно
1/2 лажичка сода бикарбона или малку прашок за пециво
2 лажици сусам
2 лажици семки од сончоглед
2 лажици ленено семе
1 жолчка од јајце
Подготовка:
Изматете го јајцето, додадете путер, а потоа изматете убаво со жица. Додадете испасирано сирење, брашно со сода бикарбона, малку сол, потоа семе од сусам, семки од сончоглед и ленено семе.
Сè измешајте со рака и расукајте тенка кора. Се сечат ленти на ширина од 1 см и се редат во плех. Премачкајте со жолчка и посипете уште неколку семиња (лен, сусам или сончоглед) … Печете на 200 степени околу 20 минути да заруменат соленките.