Брак од пеколот: Овие хороскопски знаци никогаш не треба да стапат во брак
Врската помеѓу Девицата и Стрелецот е веројатно една од најслабите и најмалку просперитетните од сите комбинации во хороскопот, а бракот на Лавот и Шкорпијата е непожелен бидејќи и двата знака се многу тврдоглави.
Лав и Шкорпија
Сојузот на Лав и Шкорпија е рецепт за неуспех. И двата хороскопски знаци се крајно тврдоглави и секогаш сакаат се да биде по нивно. Имаат исклучително силни личности, па нивниот брачен живот е незамислив. Лавот и Шкорпијата поголемиот дел од своето време во брак би го поминувале во расправии.
Овен и Рак
Бракот меѓу Овенот и Ракот би завршил во солзи. Понекогаш различни луѓе можат добро да се сложуваат, но понекогаш не. Ова важи за луѓето родени во знакот Овен и Рак. Иако нивниот брак би одел добро и на почетокот би изгледал ветувачки, Овенот наскоро би станал премногу доминантен за нежниот Рак. Астролозите советуваат овие знаци да не одат пред олтарот.
Девица и Стрелец
Овие два знака немаат многу заедничко, а не се многу трпеливи луѓе, особено кога е потребно да се слушаат и да се разберат туѓите проблеми и драми.
Близнаци и Јарец
Овој пар има различни слабости, а еден од најголемите проблеми со кои може да се соочат е недостатокот на комуникација и подготвеност за компромис кога се во прашање некои клучни работи. Близнаците сакаат брз живот, а Јарецот сака кога нивниот живот е организиран и систематски. Нивниот брак нема да трае долго.
Бик и Риби
Разводот на Бикот и Рибите се случува поради големата разлика во соништата и амбициите. Бикот сака успешна кариера и угледен семеен живот, додека Рибите се послободоумни и не се чувствуваат удобно кога треба да исполнат некои очекувања.