Убави книги и филмови

Арс Ламина наградува!

Арс Ламина на еден наш читател или читателка ќе ја додели оваа трогателна, смешна и празнична книга!

„Нека снежи“ – на листата на најпродавани наслови на Њујорк Тајмс! Три романси од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл.

Најстрашната виулица во последните педесет години. Три зимски љубовни приказни. Една волшебна вечер.

Божиќ е и Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден заглавен воз, таа предизвикува цел низ на настани што засекогаш ќе променат неколку животи.

Наскоро – четиринаесет загреани мажоретки ќе го преплават локалниот „Вафл Хаус“, филмската вечер на Дјук ќе биде грубо прекината заради една Твистер-мисија, а еден вљубен шанкер ќе одлучи за судбината на едно прасенце…

На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.

 

Поврзани статии

Back to top button