Ако додадете некои од овие 5 состојки на пире од компири, ќе го добиете најдобриот специјалитет: Ова се најевтините опции, а пирето го претвораат во чисто кремасто совршенство
Пирето е најчест прилог со месо на нашите трпези – се подготвуваат едноставно и брзо, кремасто и сочно и речиси и да нема кој може да одолее!
Но, ако ви здодеа класичното пире од компири, можете да го збогатите со неочекувани состојки и да го претворите во мало кулинарско ремек дело! Пире подготвено на еден од следните пет начини, заедно со богата, шарена салата, може да биде и главно јадење.
Карамелизиран кромид и сланина – Подгответе го кромидот така што ќе го исечете на прстени, а потоа оставете го да се крчка во путер на многу ниска температура 30 до 40 минути. После тоа, сланината исечкајте ја на кришки, па пропржете на малку масло или путер. Измешајте ги двете состојки во пирето и ќе добиете фантастична комбинација на сладок и солен вкус.
Павлака, кромид и свеж магдонос – Пред да започнете со матење на пирето, додадете малку масло и млеко, една шолја павлака, сол и бибер во компирот. Измешајте како и обично, а потоа измешајте една шака свеж, ситно сечкан магдонос и малку пржен кромид. Резултатот е најсочното пире со многу специфична и необична арома.
Песто сос и пармезан – Љубителите на тестенини веќе знаат колку пестото може да биде ефективно и да го збогати вкусот на некој специјалитет, па зошто да не го пробате со пире од компири? Прелијте го пирето со купениот песто сос од теглата, а врз него изрендајте малку пармезан.
Чили и сирење – Доколку сакате зачинета и лута храна, оваа комбинација особено ќе ве израдува. Во уште топлото пире додадете рендана гауда или потврдо сирење по желба и две сечкани чили пиперки. Добро промешајте и очекувајте одличен вкус!
Јаболка – Можеби првата помисла ви е дека оваа комбинација е невозможна, но всушност кисело-слаткиот вкус на јаболката одлично оди со кремасти, солени компири. Јаболката излупете ги и исечете ги на парчиња, а потоа испржете ги на путер додека не поруменат. Испржените парчиња јаболка ставете ги на дното од чинијата, а над нив послужете го топлото пире.