Желба за кечап – зошто нашиот мозок го обожава?
Желбата за кечап има научно објаснување, а еве за што се работи.
Оние кои сакаат кечап, главно само го сакаат и ставаат речиси на се. Кечап на шпагети, пица, јајца, па дури и ориз или солени палачинки. Научниците се осврнаа на прашањето која е „тајната на привлечноста“ на сосот од домати. Еве како кечапот влијае на нашиот мозок.
Желба за кечап – зошто нашиот мозок го обожава?
Според истражувањата, кечапот е една од ретките намирници која „влијае“ на сите пет сетила за вкус. Тој е сладок, кисел, солен, горчлив.
Некои теоретичари го нарекуваат и кечапот über храна. Бидејќи ги активира сите пет сетила за вкус, овој сос ги задоволува сите рецептори во мозокот. И така, по конзумирањето кечап, чувствуваме наплив на добро расположение.
Освен тоа, кечапот влијае и на подобрување на другите сетила. Некои истражувања покажаа дека овој сос го подобрува вкусот на другите намирници.
Сепак, бидете внимателни при изборот на кечап. Повеќето индустриски производи се полни со шеќер и адитиви, па тие му штетат на нашето здравје, а не му користат, особено ако се консумираат во преголеми количини. Доколку го сакате овој сос, пред се изберете домашен кечап.