ЖивотУбави совети
Здрави и вкусни пеперминт колачиња – брза и едноставна подготовка!
Пеперминт колачиња, брза и лесна подготовка.
Потребни состојки:
240р кокос, 180гр исецкано темно чоколадо, 30мл јаворов сируп, 1/2 лажиче екстракт од пеперминт и 2 лажици кокосово масло.
Подготовка:
Јаворовиот сируп, екстрактот од пеперминт, кокосот и една лажичка кокосово масло се ставаат во блендер.
Блендирајте се додека не добиете хомогена смеса која може да се обликува.
Направете мали топчиња или коцки од смесата и ставете ги во замрзнувач да се здрват, околу 10 минути.
За тоа време растопете го темното чоколадо со една лажица кокосово масло.
Прелијте го секое колаче со чоколадо и ставете ги повторно во замрзнувач околу 30 мин.
Добар апетит!