Пекарите додаваат 1 магична состојка во тестото за крофни: Тие не апсорбираат капка масло, а се воздушни и меки
Крофните нема да ја впијат маснотијата, а трикот не е во салфетката.
Крофните нè потсетуваат на детството, кога нашите баби не пречекаа со топли и слатки колачи кои мирисаа уште од влезната врата. Меки и воздушни се омилени на сите, а единствена мана им е што се пржат на многу масло, па можат да бидат мрсни.
Имено, ако на тестото додадете прашок за пециво или сода бикарбона, тоа нема да го впие маслото, но повеќето домаќинки знаат за овој трик. Исто така, мора добро да се загрее, бидејќи така тестото нема да го впие вишокот.
Постои уште една магична состојка за која многу луѓе не знаат, а тоа е алкохолот кој се додава во тестото.
Ако додадете само една лажица појак алкохол (на пр. вотка или коњак) резултатот ќе биде совршен. Тестото нема да го впие маслото, а ќе биде воздушесто и меко.