Сите пијат вода со лимон, но дали сте пробале со суво грозје? Магично го детоксицира телото!
Во народната медицина постојат различни природни пијалоци кои благотворно делуваат на организмот – посебно место зазема водата со суво грозје.
Овој напиток се користи за различни здравствени проблеми, а особено е ефикасен за детоксикација на црниот дроб. Водата со суво грозје има поголема количина на лесно сварливи антиоксиданси. Овие супстанции значително го олеснуваат функционирањето на црниот дроб и ја зголемуваат ефикасноста на бројните ензими. Покрај тоа, сувото грозје содржи и диетални влакна кои ја оптимизираат функцијата на цревата и го поттикнуваат метаболизмот.
Покрај детоксикацијата и добар ефект врз варењето, овој напиток е енергетски еликсир. Ќе ви обезбеди доволно енергија и содржи малку калории, што го прави одличен сојузник за слабеење. Добар е за слабеење бидејќи не содржи масти, а со стимулирање на ензимските функции го намалува и нивото на холестерол. Дури и обична чаша вода на празен стомак е доволна за да се чувствувате сити. Кога водата ќе се збогати со суво грозје, тогаш ефектот ќе трае подолго. Главната работа е да запомните да јадете суво грозје откако ќе ја испиете водата.
Многумина ќе помислат дека е подобро да се јаде свежо отколку суво грозје и тоа е точно. Сепак, суво грозје имаме цела година, релативно е евтино, а можете лесно да го чувате дома. Истражувањата покажуваат дека сувото грозје е корисно за крвниот притисок, како и за кардиоваскуларното здравје.
Како да подготвите детокс вода со суво грозје: За една чаша добро измиено суво грозје се користат три чаши вода. Измешајте и варете неколку минути, само да се загрее водата, без да зоврие. Готвењето е важно за сувото грозје да испушта важни материи во водата, а пијалокот да се пие ладен. Пијте го во рок од 24 часа, но се препорачува првата чаша да се испие наутро на празен стомак.
Можете да го јадете преостанатото суво грозје од пијалокот или да го користите за да подготвите колачи, тартови и други јадења. Сувото овошје може да биде одлично за метаболизмот и слабеењето, но потребно е да го земате во ограничени количини бидејќи содржи многу гликоза и фруктоза.