ЖивотУбави совети

Вкусна идеја за денешниот ручек

Крцкави и вкусни плескавици од леќа се супер интересна идеја за денешниот ручек!

Потребни состојки: 1 главица кромид, 1 шолја леќа, 1 црвена пиперка, 1 младо лукче, 3 лажици пченкарно брашно, 3 лажици масло, сол, бибер и буковец.

Подготовка: Ситно исецкајте ги кромидот, лукот и пиперката. Сварете ја и исцедете ја леќата. Се заедно измешајте, додадете ги зачините и маслото а на крај и пченкарното брашно. На тава поставена со хартија за печење наредете ги посните плескавици и печете ги додека не заруменат.

Добар апетит!

Поврзани статии

Back to top button