Убави книги и филмови

Три книги од македонска авторка на кои треба веднаш да им дадете шанса

За денес одбравме предлог три супер возбудливи и интересни романи од наша, македонска авторка. Во продолжение книгите на Ангела Пенова кои ќе го задржат вашето внимание се до последната страница.

Се сакаме кога никој не гледа (Ангела Пенова)Единствената работа која Енџел сака да ја заборави во животот, постојано и е во мислите. Таа го остава минатото таму каде што припаѓа, но потоа сфаќа дека минатото е нејзината иднина.
Кристијан е дете од домот,но денес позната музичка ѕвезда. А, таа нема слушнато ни една негова песна. Се до оној момент кога случајно се препознава низ стиховите кои ги слуша на радио. Неговиот обид да ја ослободи низ песни, го прават се повеќе ранлив.
Нивната љубов е стара колку и приказната за неговото пронаоѓање. Нивната приказна започна, но никогаш не заврши.
Дали Енџел ќе успее да ги пополни празнините кои тој целиот свој живот ги носи?

Позајмени сништа (Ангела Пенова) Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?
Понекогаш посакувам да се вратам во минатото, но не за да ги променам работите, туку да ги почувствувам по втор пат.
Верзијата од него која таа ја креираше во нејзиниот ум, не е негова одговорност.
Тејлор ја уништи бајката во која Еден живееше со години. Егоистичен, брутален, но никогаш доволно искрен за постапките кои мораше да ги направи шест години предходно.
Се уште ја посакува, а таа е крајно недостижна. Неговиот ноќен живот и забавите не се некое ветување за созреана личност. Кој ќе биде тригерот да го натера да застане на сопствени нозе?
И тогаш сонот се заплеткува со реалноста. Секоја вечер продолжува каде што застанал.
Дали ја имаме таа моќ да управуваме со него или тој е дел од мислите кои го окупираат нашето секојдневие? Што кога и двајцата се присутни во истиот сон и свесно одговорни за секоја постапка која ја превземаат?

Скршени крилја (Ангела Пенова) Понекогаш се запрашувам себеси, дали ако ова се случуваше во наше време, судбината ќе беше поинаква?
Но, годината е 1989, а психолошките растројства се тотална енигма.
Навидум совршено семејство, со големи планови и соништа за животот, како кула од карти почнува да се распаѓа, да тоне, но кого би обвиниле за тоа?
Матео е момче кое во најубавите години е повикан да и служи на војската, а од таму го враќаат како половичен човек без душа во себе.
Викторија е девојка која означува антоним за сето она што допрва ќе и носи животот, девојка со име победа, а целиот живот ќе губи.
Даскалови се угледно семејство кое вложува напори да го сочува мирот, достоинството и најблиските, семејство кое секогаш го славело животот.
Но, понекогаш судбината има поголема моќ, без разлика колку човек се труди да и пркоси.
Чија вина е сето ова? Дали можеме да обвиниме некого за скршените сништа и пропастот на едно угледно семејство?

Поврзани статии

Back to top button