За 2 хороскопски знаци декември нема да биде нималку лесен: Среќата им го врти грбот и ги очекуваат многу тешки денови
Астролозите предвидоа кои два хороскопски знаци ќе немаат многу среќа. Според експертите, во декември ги очекуваат многу тешки денови. Експертите се убедени дека многу неволји и несреќи ќе ги снајдат претставниците на овие знаци. Буквално ќе изгледа како судбината да одлучила да им го заврти грбот и никогаш повеќе да не разговара со нив. Ги чека вистинска тортура.
Девица
Имате впечаток дека сте понапред од другите и самоуверено одбивате разни замерки кои не ви се допаѓаат. Прекумерното инсистирање на личните интереси го свртува вниманието на околината и создава дополнителни проблеми во деловната соработка. Потребни ви се веродостојни информации и нечие посредување како дополнителна гаранција за остварување на вашите деловни визии. Нема потреба да верувате во среќата што доаѓа ненадејно или без одобрение од вашето семејство. Емоционалниот занес понекогаш треба да се „контролира“, внимавајте на нечии коментари. Склони сте кон чести промени во расположението. Ги преувеличувате вашите емоционални потреби и често многу субјективно го оценувате однесувањето на партнерот.
Јарец
Премногу сте горди да зборувате за одредени проблеми кои ве задржуваат и на овој начин непотребно ви ја комплицираат деловната или социјалната положба. Доколку се грижите за одржување на добри деловни односи и рејтинг, прифатете ја можноста за заеднички договор. Воспоставени се правила кои мора да ги почитувате во деловната соработка, постапете според вашата совест. Во љубовна перспектива, нема потреба да се залажувате со големи илузии и нечии ветувања. Како и досега, безбедно е само она што цврсто го „држите во раце“. Емотивно се топите или премногу фантазирате за личност која ви е „недостапна“. Смирете ги страстите и прифатете реална слика во љубовната врска.