ЖивотУбави совети

Подгответе домашен сок од нане – за вистинско летно освежување!

Сокот од нане, помага при многу болести, на пример, кај нервоза и психички напнатост, стрес, чести главоболки и мигрени, несоница со болни стомачни грчеви, бавно и тешко варење, проблеми со настинки и вируси, како треска и температура, тешкотии со ревматски болки, како и присуство на непријатен здив.

Овој сок ги содржи сите елементи кои се содржани во млади листови нане, витамини А, Ц, манган, калциум, калиум, железо, магнезиум, бакар, омега-3 масни киселини, ментол, лимонен, бета кариофилен, можете да го вкусите сокот, пред и после јадење, дневно по желба и неколку пати во текот на денот, без страв дека ќе остави некакви последици на вашето тело…

Свежо нане – околу 300гр
3л вода
2,5кг. Шеќер
2 кесички лимонтус
1-2 лимони, лимети или портокали
10 лажици шеќер за првиот чекор на подготовка

1.
подготовка

Младите листови од нане измијте ги убаво во ладна вода за да се отстранат сите траги од прашина.Исечкајте ги измиените и добро исцедени листови, посипете ги со сок од лимон и 10 лажици шеќер. Смесата убаво измешајте ја со дрвена лажица, покријте ја со ладна вода.  Приготвената смеса се остава покриена 24 часа.

2.
По 24 часа, нежно процедете ја содржината во густа цедалка или крпа, потоа додадете шеќер, каранфилче по вкус или 1-2 лимони, лимети или портокали исечени на прстени во добиената течност. Оставете ја смесата да отстои уште 24 часа. Одвреме-навреме со дрвена лажица добро се меша смесата, се цеди уште еднаш, со тек на време да не се формира талог на дното на шишето и сирупот да биде кристално чист.

3.
Наполнете ги шишињата кои мора да бидат чисти, така приготвениот сируп чувајте го на суво и темно место (во лето во фрижидер), може да остане свеж и до 2 месеци.

Ако сакате да го зачувате подолго, или сте подготвиле двојна мерка, најдобро е да го истурите во чисти пластични шишиња и да го замрзнете.

 

Поврзани статии

Back to top button