Пробиотската лимонада ги чисти цревата: Направете еликсир за имунитет, детоксикација и подобро варење од 3 состојки
Лимонадата е освежителен пијалок кој го пиеме за задоволство, но и за здравјето на целото тело. Напитокот кој е полн со витамин Ц и благотворно делува на имунитетот, сега може да донесе уште една здравствена предност – пробиотик. Доколку имате проблем со надуеност, гасови, сакате да ги детоксицирате цревата и да го подобрите варењето, тогаш пробиотската лимонада е вистинскиот еликсир за вас.
Состојки:
6 чаши вода
1 чаша мед
1 чаша сок од лимон
1/2 чаша свежа сурутка
Подготовка:
Загрејте ја водата во тава на тивок оган, одржувајќи ја доволно топла за да се раствори медот (околу 40 степени C). Мешајте го медот постојано додека целосно не се раствори во водата. Исклучете го огнот и извадете ја тавата од шпоретот. Изматете ги сокот од лимон и сурутката во медената вода додека целосно не се соединат.
Истурете ја лимонадата низ тесна инка во шишиња со капаци. Затворете ги шишињата и оставете ја лимонадата да отстои на собна температура за состојките да ферментираат, околу четири до седум дена. Можете да го отворите шишето за да проверите дали пијалокот ја достигнал потребната ферментација.