Појадок за слабеење: 5 кг помалку за еден месец
Овој секојдневен појадок ќе ви помогне да ги отстраните нечистотиите од телото и да ги исчистите цревата. Со него ќе го решите проблемот со мрзеливи црева и запек, а ги согорува и масните наслаги и ја нормализира тежината..
Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, бидејќи содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата и косата, го нормализираат метаболизмот и го зајакнуваат организмот. Овој појадок ќе ви помогне да ги отстраните нечистотиите од телото и да ги исчистите цревата.
Со него ќе го решите проблемот со мрзеливи црева и запек, а исто така ги согорува масните наслаги и ја нормализира тежината. По еден месец од консумирањето на овој коктел, лесно ќе изгубите 3-5 килограми вишок килограми. Кожата, косата и ноктите стануваат здрави и убави, а стомакот полека ќе се „стопи“.
За да го подготвите овој појадок, потребни ви се: 300 мл кефир (или јогурт со малку маснотии), 2 лажици овесни снегулки, 1 лажичка мелено ленено семе, 1 лажичка какао во прав, 5-7 суви сливи. Појадокот се подготвува навечер за следниот ден. Истурете малку врела вода (100 ml) врз сувите сливи. Покријте и оставете 5-10 минути. За тоа време, во сад ставете овес, мелено ленено семе и какао.
Прелијте со кефир и сè добро измешајте. Набабрените сливи исечкајте ги ситно (со блендер или супер сецко можете да направите пире или со рака) и додадете ги во претходната смеса. Добро измешајте и оставете во фрижидер. Наутро извадете го од фрижидер и уживајте во вашиот здрав и вкусен појадок. Резултатите ќе бидат видливи наскоро.
Во првите денови може да имате „интересни“ чувства во стомакот, но тоа ќе помине. Вашиот дигестивен тракт ќе почне да работи како часовник!