Убави вести
Ѕирнете ја велигденската декорација во домот на pepe_s.place
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2024/05/viber_image_2024-05-04_12-29-39-090-780x470.jpg)
Православните христијани го слават најубавиот празник Велигден. Домаќинките ги бојадисаа своите јајца и се пофалија со фотографии на социјалните мрежи.
Денес ви го претставуваме Инстаграм профилот pepe_s.place кој е место за инспирација, рај за очи!
Ѕирнете мал дел од креативната велигденска бајка во домот на Александра каде преовладуваат велигденски мотиви, шарени јајца, зајчиња, колачиња и низа украси во духот на празникот Велигден.
Станот на Александра е уреден со внимателно одбрани детали, а секој празник е декориран со тематски мотиви. Овој Велигден нивниот дом е декоративно катче со мирис на мир и спокој.