ДомУбави совети

Парите ќе капат во куќата како дожд: Само земете го овој предмет и ставете го во близина на влезната врата

Експертите за Фенг шуи истакнуваат дека предмет во форма на жаба со парички треба да  поставите во домот за богатство, среќа и изобилство.

Фенг шуи е древна кинеска уметност која тврди дека одредени аспекти од животот може да се подобрат или уништат со уредувањето на работите во куќата, односно уредувањето на собите, положбата на куќата..

Станува збор за жаба за среќа која може да се чува не само во домот, туку и на работното место за да привлече богатство.
Постојат неколку видови на оваа среќна фигура, но правилата на фенг шуи истакнуваат дека најефективна е жабата со три нозе која држи паричка во устата.

Ставете ја жабата во близина на влезната врата, со главата свртена навнатре. Најдобрата енергија се привлекува ако ја чувате во дневната соба, особено ако имате приватен бизнис. Ако работите во канцеларија, чувајте ја на видно место на вашето биро.

Жабата фенг шуи ја отфрла паричната енергија ако е свртена кон излезот бидејќи симболизира дека парите штотуку ја напуштаат вашата куќа.

Не треба да ја чувате во спалната, кујната и бањата и не ја ставајте на подот. Не ја чувајте на место каде што има многу луѓе и врева, се верува дека ја отфрла позитивната енергија на парите.

Експертите за Фенг шуи истакнуваат дека жабата со паричка треба да ја активирате за богатство, среќа и изобилство.

Врзете црвена лента околу жабата за да ја активирате или ставете ја на црвена хартија или друга обоена површина. Ако веќе сте купиле жаба со црвена лента, тогаш нема потреба да го повторувате овој процес.

Поврзани статии

Back to top button