На кои години жените најчесто ги изневеруваат своите партнери?
Студијата направена во Холандија покажа дека околу 15 отсто од мажените жени ги изневеруваат своите сопрузи барем еднаш, а околу 20 отсто од мажите го прават истото.
Успешните жени со високи примања се поподготвени да флертуваат и да користат „женски“ шарм кај мажите, а истражувачите веруваат дека причината за тоа е поголемата самодоверба, полибералните ставови и повеќе можности за измама отколку кај жените воспитани во традиционалниот „дух“ и со послабо платени занимања.
– И за жените и за мажите моќта делува како афродизијак, а погрешна е претпоставката дека жените се чувствуваат повеќе виновни поради прељубата, напротив, имаат помалку каење по прељубата – изјави шефот на студијата, професорот Јорис Ламерс од Универзитетот во Тилбург.
Религиозноста и моралните верувања не се ни приближно поврзани со подготвеноста на поединецот да го изневерува својот постојан партнер како можностите, страста и моќта.
Дополнително, истражувањата утврдиле дека раните 30-ти се најчестата возраст во која жените изневеруваат, а тоа се објаснува со намалената плодност и со фокусирањето на сексуалните аспекти на врските, според кои мажите не се оценуваат според принципот „ дали тој ќе биде доволно добар татко за моите деца“.
Британската колумнистка Дијана Еплјард нагласува дека сè уште постојат различни мислења за машкото и женското изневерување во општеството, и додека мажот ќе биде оправдан со посилниот сексуален нагон, искористувањето на шансата, па дури и заведувањето од жена, жените кои изневеруваат се прогласени за пресметани и бесчувствителни, како и за „уништувачи“ на семејството.
Таа смета дека кога се работи за верност, помалку е важен полот или образованието, туку само карактерот и можностите кои му се достапни на човекот, а најчесто мотивот е себичноста и краткотрајното задоволство.