ЖивотУбави совети
Најлесниот рецепт за домашна павлака
Со само четири состојки направете домашна, вкусна кисела павлака на брз и едноставен начин. Нека ужива целото семејство!
Потребни состојки:
1л млеко, 4 лажици маслиново масло, 5 лажици сок од лимон и половина мала лажичка сол.
Подготовка:
Најпрво згрејте го млекото, па додадете ги солта и сокот од лимон. Нека зоврие се заедно, па со цедалка и газа одвојте ја сурутката од смесата. Остабете да се излади. Во блендер изблендирајте заедно со маслото и по потреба додадете сол. Доколку е смесата густа можете да додадете од сурутката неколку лажици.