Нахранете ја косата со домашна маска – од коренот до врвовите!
Ви носиме рецепт за едноставна и ефикасна маска која ќе ја негува и нахрани вашата коса од коренот па се до врвовите.
Ако вашата коса е оштетена или склона кон првут, ви препорачуваме маска од кокосово масло. Кокосовото масло го стимулира растот на косата и го храни коренот.
Потрени состојки: лажица кокосово масло, лажичка масло од семе од грозје, половина лажичка сок од лимон или 10 капки есенцијално масло од лимон или грејпфрут, 10 капки етерично масло од рузмарин.
Подготовка: Ставете цврсто кокосово масло во сад, загрејте и додадете лажичка масло од семе од грозје.
За посветла коса – половина лажичка сок од лимон или 10 капки есенцијално масло од лимон или грејпфрут.
За потемна коса – 10 капки есенцијално масло од рузмарин.
Нанесете ја смесата на влажна коса додека маслата се уште се топли, ставете капа за туширање на вашата коса и зацврстете ја целата коса. Загрејте го пешкирот пред да го ставите на главата за да ја стимулирате маската, која треба да остане на вашата глава 10 минути.