ЖивотУбави совети

Мини кроасани со моцарела и сланина

Подгответе меки кифлички со сланина и моцарела. Нека мириса целиот дом на вкусни кроасани!

Потребни состојки:
200 мл млеко
1/2 коцка квасец
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сол
200 мл јогурт
100 мл стопен путер
550 гр брашно (Тип 400)

Подготовка: Загрејте го млекото, додадете шеќер и квасец и оставете го квасецот да нарасне. Истурете го јогуртот во шолја, оставете го да стои на собна температура некое време и стопете го путерот во тава на тивок оган. Кога квасецот ќе нарасне, замесете тесто (доволно е да се истурат сите наведени состојки и убаво да се измешаат со миксер за тесто) и да се остави убаво да стаса (околу 1,5 час). Расукајте го тестото на набрашнета површина, растегнете го малку со рацете доколку е потребно и поделете го на 5 дела. Расукајте го секое парче и исечете го на 8 дела. Ставете парче моцарела и неколку парчиња ситно сецкана сланина. Направете кифли и ставете ги во плех за печење. Премачкајте ги кифличките со жолчка од јајце, посипете сусам или ленено семе и печете дваесет минути на 190 степени.

Поврзани статии

Back to top button