ЖивотУбави совети

Летно овошно задоволство, готово за само 10 минути

Никој не ги замислува топлите летни денови покрај шпорет или рерна при подготовка на колачи. Затоа ви носиме рецепт за едноставен десерт за чија подготовка ви се потребни состојките кои ги имате во фрижидер и само 10 минути.

Состојки:
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
10 лажици шеќер
200 грама маргарин
180 милилитри павлака
300 грама скршена плазма
250 грама сечкани јагоди
2 исечени банани и неколку капки лимон за да не потемнат
200 милилитри слатка павлака или шлаг

Подготовка:
Ставете 900 милилитри млеко да зоврие и додадете 10 лажици шеќер. Во преостанатите 100 милилитри млеко промешајте 3 пудинзи од ванила и додадете кога млекото ќе зоврие. Сварете го пудингот. Во врелиот пудинг додадете 200 грама маргарин и изматете со миксер.

Додадете 180 милилитри павлака и изматете. Додадете ја искршената плазма и промешајте. И на таа смеса додадете јагоди и банани. Промешајте сè и префрлете во плех за печење.

Израмнете го и ставете го во фрижидер. Изматете го шлагот и со него покријте го колачот.

Поврзани статии

Back to top button