Убави вести

Училиште ООУ „Александар Македонски“ и тимот Philips Revolution направија неверојатен успех!

На националниот натпревар по едукативна роботика – FIRST LEGO League Macedonia 2025, кој се одржа на 1-ви март во Diamond Mall, нивниот тим го освои ВТОРОТО МЕСТО ВО АПСОЛУТНА КАТЕГОРИЈА! Ова сезона 2024-2025 година темата беше Истражување на океаните. Океаните се срцето на глобалниот екосистем, а учениците имаа можност да создаваат решенија за зачувување и одржливостна океанските ресурси.

Најмасовниот настан досега!
23 тимови од цела Македонија, 16 државни училишта од Скопје, Битола, Штип, Кочани и Тетово. Над 500 ученици и ментори кои со својата енергија, знаење и креативност покажаа што значи да се биде дел од иднината! Но, нивниот тим се издвои со извонредна тимска работа, посветеност и иновација, освојувајќи високи резултати во сите четири категории:
Роботска игра – Стратегија, прецизност и брзина!
Роботски дизајн – Инженерска креативност и техничка изведба!
Основни вредности – Тимски дух, почит и соработка!
Иновативен проект – Визија за подобра иднина!

Со ова победа тимот PHILIPS REVOLUTION се пласира директно на: FIRST® LEGO® League Open International Championship,кој ќе се одржи од 2-4 мај 2025 во The Ranch, Sofiko Corinth, Greece. Ќе се натпреваруваат со 50 од најдобрите тимови од целиот свет!

Нашите млади генијалци покажаа што значи посветеност, неуморна работа и тимски дух. Во изминатиот период, тие вложија безброј часови во тестирање, дизајнирање, програмирање и стратегија. Но, зад секој успешен тим стојат инспиративни ментори и наставници, кои беа нивната најголема поддршка и мотивација!

ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИЦИ:
Благица Кузманоска
Снежана Андреевска
Елена Маневска
ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И ИНФОРМАТИКА:
Надежда Јордановска
МАТЕМАТИКА:
Татјана Ушинова
ИСТОРИЈА И ОПШТЕСТВО:
Рената Тодороска Ѓорѓиевска
ЕТИКА:
Сузана Станковиќ-Стефановска
Голема благодарност и до директорката Маја Буклеска, која ја препозна оваа идеја и овозможи реализација на оваа едукативна роботика во училиштето! Нејзината поддршка беше клучна за овој голем успех!

Ова не е само натпревар – ова е пат кон иднината!
Честитки до нашите победници:
Давид Галовски
Јордан Георгиевски
Елена Станчевска
Меглена Попова
Матеј Амбаровски
Николина Богданоска
Марко Медиќ
Калин Флоровски
Иван Аврамовски
Михаил Чичевски
Јован Ѓоревски
Јована Ужевска
Марко Стојаноски
Георгина Димовска

Што значи ќе бидат еднинствено училиште од нашата држава, што ќе оди на светското во Грција! Сите треба да ги видат, слушнат и поддржат овие деца. Нивниот успех е доказ дека македонскиот талент и потенцијал се рамноправни со глобалните стандарди. Ова патување во Грција е повеќе од натпревар – тоа е момент што ќе ги обликува како лидери на иднината!

Како можете да помогнете?

Вашата поддршка може да биде насочена кон покривање на патните трошоци, котизацијата за натпреварот или сместувањето. Секој придонес ќе помогне да ја исполниме оваа голема мисија и да го донесеме овој наш тим на светската сцена.

Уплатата можете да ја извршите на следната сметка:
Банкарска сметка: 250-0010040672-87
Банка: Шпаркасе Банка
Назив на правно лице: Академија за роботика и иновации
Цел на дознака: спонзорство за учество на светски натпревар во FIRST® LEGO® лига Грција
Модел: PP30

Поврзани статии

Back to top button