Убави книги и филмови

Книги кои раскажуваат интересни приказни

Времето денеска и не е баш погодно за долги прошетки на отворено. Но, тоа не значи дека дома треба да ви биде здодевно. Читајте, книгите се најдобрите пријатели на човекот.

Во војната и љубовта (Верица Митева) Кога самите се ставате во инфериорна положба во однос на другите, не може да очекувате другите да ве стават на пиедестал. Ќе завршите на местото кое самите сте си го одредиле… Сара е девојка која отсекогаш имала проблеми со самодовербата и нејзиното јас е потиснато од егото на нејзиното долгогодишно момче. Но, една ноќ, кога поради силно невреме е принудена порано да се врати дома и го наоѓа со друга девојка во куќата во која заедно живеат, нејзиниот свет се руши и таа е принудена да се промени и да почне да се залага за себе. Сама, невработена и без дом, ќе најде утеха кај нејзиниот брат, кој ќе ѝ даде засолниште додека се снајде и почне да си го средува животот. Иако тешко, ова искуство ѝ ги отвора очите за многу работи, ја зајакнува како личност и ја прави независна. Но, кога во нејзиниот живот влегува Марко, нејзиниот мал стабилен свет повторно се разнишува. Марко е исклучително амбициозен и успешен маж за кого и покрај целиот успех, најважни остануваат семејните вредности. Тој премногу го цени своето семејство, а уште повеќе сака да оформи свое. Но, кога е оставен од долгогодишната девојка ноќта кога сака да ја запроси, решава дека сите вредности кои нему му се свети, очигледно не се тоа што жените го бараат. Токму таа ноќ, кога животите им се променети засекогаш, Сара и Марко се среќаваат, но не на добар начин. Напротив, ужасната ноќ за памтење е ноќ која и двајцата сакаат што побрзо да ја заборават, надевајќи се дека никогаш повеќе нема да налетаат еден на друг. Но, судбината има друг план…

Не напуштај ме (Шеви Стивенс) Пред единаесет години, Линдзи Неш побегнала од својот насилен сопруг сред ноќ, заедно со својата мала ќерка. Нејзиниот бивши сопруг, Ендру, завршил во затвор, а Линдзи започнала нов живот. Сега, Линдзи е постара и помудра; има сопствен бизнис и ќерка тинејџерка на која ѝ е потребна повеќе од кога било. Кога Ендру конечно излегува од затвор, Линдзи сака да верува дека се пресечени сите конекции меѓу нив и дека минатото е далеку зад неа. Но има чувство дека некој ја набљудува, се чувствува како некој да го следи секој нејзин потег. Нејзиното ново момче добива закани. Некој ѝ влегува дома. Некој ја следи нејзината ќерка. Линдзи е убедена дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг, иако тој тврди дека сега е комплетно различна и променета личност. Но дали навистина е променет? Или постои некој друг близок на семејството кој исто така претставува опасност?

Четирите ветришта (Кристин Хана) Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно. Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот. Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација. Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button