Сакате урбана, уникатна и впечатлива чанта?
Денеска ве запознаваме со брендот Kai Customs!
Овој бренд нуди продукт кој е уникатен, но во исто време и модерен. Станува збор за рачно изработени чанти од бисери и монистри.
Основачката на брендот за себе вели дека најголема опсесија од секогаш и биле чантите и посакувала да може да направи чанта по нејзина лична замисла. Затоа и отвара профил на Инстаграм со надеж дека ќе може да исполни и некоја лична замисла на клиентите, што значи дека има простор за предлог идеи од ваша страна. Таа смета дека секој модел на чанта, не претставува само моден додаток туку и личен печат на стил.
Kai Customs – Секое парче е уникатно сработено во еден примерок. Со ова го избегнуваат моментот на масивно производство, бидејќи секоја чанта би била произведена и материјалите набавени по успешно процесирана нарачка.
Покрај тоа изработуваат и супер впечатливи и модни комбинации изработени по мерки.
Заследете го Инстаграм профилот Kai Customs и уште веднаш направете си безбедна, онлајн нарачка на уникатна, урбана и впечатлива чанта!
Во продолжение погледнете ги дел од моделите кои ги имаат изработено, навистина станува збор за моден додаток кој е задолжителен во секој женски плакар.
Нивните рачно изработени чанти се и одлична идеја за подарок. Па кога подарувате, подарувајте со стил заедно со Kai Customs!