Kамо да бев птица која лета над небесната шир
OДА НА СЛОБОДАТА
Камо да бев див коњ на зелена полјана.
Ќе галопирав гордо, а во мојата грива ќе струеше ветрот со неговата песна:
,,Ех слобода…Ех, слобода.”
Kамо да бев птица која лета над небесната шир.
Ќе и пркосев на гравитацијата, а во моите крилја широки ќе шепотеше ветрот-
Слободаааа….Слободаааа….
Камо да бев извор, во некоја планина скриен.
Ќе бев студена, ладна, а секое камче во мене ќе ја раскажуваше својата приказна со наслов ,,Слобода”.
Камо да бев река, река брза и длабока.
Течејќи во своето корито, со мене ќе ги понесев
и отфрлев сите гадости на човековата душа и во мене тихо ќе шепнев-
да, сега си слободна.
Ех…
Камо да бев дете кое безгрижно си игра и се валка во песокот, дете кое трча и се брка, а патем не мисли на ништо.
Слободно е.
Tabula rasa e.
Камо да бев цвет.
Или дрво.
Немаше ништо да ме спречи во намерата само да постојам.
Само да си виреам.
Немаше да слушам за човечките пороци и материјалните добра.
Затоа што ќе знаев дека јас,
јас сум креација од Бог подарена и поголема од секое богатство.
И затоа треба да се негувам, чувам и сакам.
За мирно да овенам.
И повторно да никнам.
Како Феникс кој исчезна па се издигна гордо од пепелта.
Тоа е чувството на негрижа за материјалното, чувство на слобода.
Ех…
Камо да бев.
Автор: Софија Трајковска