Грешки поради кои кожата рано старее!
Стареењето е природен процес и со него треба да се соочите и да го прифатите на достоинствен начин. Меѓутоа имајте на ум дека лошите навики и брзиот живот допринесуваат побрзо стареење на кожата. За среќа на тоа можеме да влијаеме!
Храна полна шеќери. Овошјето и зеленчукот се главни извори на антиоксиданси, богати со витамини, а најмногу витамин Ц. Избегнувајте благо и рафинирани шеќери, тие многу влијаат на забрзување на стареењето на кожата. Слатките заменете ги со овошје.
Долго изложување на сонце без висок заштитен фактор. Незаштитената кожа која сакате да ја исончате не само што има голема можност да ја изгорите туку и со сигурност ќе заработите акни, флеки и брчки. Сонцето многу често знае да го намали еластинот на кожата. Ви препорачуваме секогаш кога сте на плажа редовно да мачкате крем со заштитен фактор на целото тело особено на лицето, а кога сте на прошетка низ градот да го намачкате секој дел од телото кој не е покриен со облека. Во текот на денот кога температурата е највисока секогаш бидете на сенка.
Голема количина на алкохол. Алкохолот ја дехидрира кожата и со тоа ја прави да изгледа многу постара. Конзумирањето редовно алкохол може да направи да ви испукаат капилари и да ви се појават црвени флеки на носот и образите. Чашка, две и ништо повеќе не е препорачливо.
Пушење. Секаде каде што е текна кожата пушењето ќе допринесе да се направат брчки кои кај пушачите се појавуваат околу десетина години порано од кај непушачите. Ако сте решени да не престанете со пушење ве советуваме да конзумирате секојдневно храна богата со минерали и витамини и витамн Ц во форма на суплемент.