Во потрага сте по персонализиран и уникатен подарок кој трае?
Ви го претставуваме Graphy.mk, профилот на Инстаграм кој може секогаш да го разгледате кога барате инспирација за идеја за уникатен и безвременски подарок. Кога зборуваме за добар подарок мислиме на персонализирани постери во рамки со кои би ги израдувале вашите најблиски.
Станува збор за постери во рамка на кои се испишани омилените датуми, вашите букви и најсреќните мигови.
Постерите во рамка од Graphy.mk се достапи во следните димензии:
- A3 формат (29.7 x 42 cm)
- А4 формат (21.0 x 29.7 cm)
На профилот Graphy.mk може да најдете подарок за секоја пригода, а тука мислиме на детските постери, датумирани постери, новогодишните постери и свадбените постери.
Или доколку сакате да го освежите домот одберете ги совршените постери во рамка кои одговараат на вашиот ентериер. Секогаш е право време вашите ѕидови да ги украсите со елегантни и вечни спомени во рамка.
Позади постерите стои 25 годишната Марија која кажува дека малите детали се секогаш тајната на добриот дизјан. Со напредокот на AI технологиите, употребата на Canva и Photoshop и можностите кои ни ги нудат како старт, тоа се одлични алатаки за да се разработи една идеја. Но, не се тука само алатките, посветеноста и обрнување внимание кон тоа што им значи на луѓето никогаш нема да ве одведе во погрешен правец.