Црно бела удобна модна комбинација од бутик GlamGirl

Стајлингот го прилагодуваме на пониските температури па затоа одбравме спортска, секојдневна комбинација со црн, топол и впечатлив елек од еко кожа!
Станува збор за нежно и тенко дуксерче со циркони во сребрена варијанта со бели машнички на црна површина или црни машнички на бела основа, а истото го комбинираме со безвременски, класични џинс фармерки и се тоа од онлајн бутикот GlamGirl.
Сега е идеално време да си го дополните вашиот плакар со најпосакуваниот, лесен за комбинирање а ултра корисен црн елек кој лесно се комбинира.
Бутикот GlamGirl нуди колекција што спојува класичен и модерен стил, идеална за жени кои сакаат да изгледаат стилски и уникатно во секоја пригода.
За љубителите на едноставниот и чист изглед вистински избор е оваа модна комбинација од GlamGirl.
Ненадмината за сите пригоди – црно белата комбинација. Со оваа комбинација речиси никогаш не може да се погреши. На Фејсбук или Инстаграм уште веднаш направете брза и лесна нарачка која ќе ви ја достават на домашна адреса за најкраток можен рок.