Екстремно лековит: Обично користиме темјан за да ја прочистиме куќата, а не знаеме дека помага при овие заболувања
Толку мала, а сепак толку силна, оваа ароматична смола е добиена од родот Boswellia, а со нејзиното согорување се добива исклучително силен и невообичаено пријатен мирис. Многуте лековити својства на темјанот се главно непознати за луѓето, речиси секој го има во својот дом, но ретко ги користи неговите лековити својства.
Темјанот со години се користи за лекување на артритис, заздравување на рани, регулирање на женските хормони и заштита од патогени. Во земјите од Блискиот Исток се користи за одржување на здравјето на усната шуплина. Луѓето од оваа клима џвакаат смола од темјан за да го подобрат здравјето на нивните заби и непца. Антимикробните својства на темјанот ги спречуваат инфекциите.
Темјанот ја ублажува болката предизвикана од артритис без да предизвика несакани ефекти. Ја подобрува циркулацијата, како и протокот на крв низ крвните садови оштетени од воспалителни процеси. Научните студии потврдија дека екстрактот, ацетатот од темјан, ги намалува невролошките оштетувања и дека ефикасно делува против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува болести на крвните садови.
Темјанот се користи и за ослободување од стрес, напнатост, хистерија и депресија, купката со масло од темјан помага при менструални болки и воспаление на уринарниот тракт, а помага и при бронхитис, астма, синузитис, чести настинки и алергии. Иако не е опасен за употреба, треба да го избегнуваат хипертензивните пациенти, трудниците и доилките.