Направи сам: Прихрана за салонски растенија!
Рецепт за хранење на цвеќе од само 2 состојки – веќе ги имате дома, а позитивно делуваат на разлистувањето и растењето на растенијата во затворен простор.
Ако сакате вашите растенија во затворен простор да бидат здрави, бујни и лиснати, не треба да купувате скапи ѓубрива што содржат хемикалии. Ви пренесуваме едноставен рецепт за хранење растенија кој го погледнале преку 3 милиони луѓе, а состојките се едноставни и веројатно веќе ги имате дома.
Рецепт за хранење на внатрешни растенија
Состојки:
1гр сув квасец
1 лажичка шеќер
1л топла вода
Подготовка:
Во топла вода истурете ги шеќерот и квасецот и оставете да отстои два часа. Добро измешајте и по два часа, кога растворот е подготвен за употреба, треба да го разредите. Истурете 5 чаши вода на собна температура во тегла од 5 литри, а потоа додадете една чаша шеќер и раствор од квасец во таа вода и измешајте. Вака распределете литар раствор во неколку тегли, покријте и складирајте за полевање.
Ова треба да го практикувате на влажна почва. Наводнете го растението претходниот ден, а потоа нахранете го со овој раствор следниот ден.
Овој рецепт им помага на растенијата да растат здрави, да добијат нови лисја и цветови, па затоа е совршен избор доколку сакате вашите растенија да бидат бујни.