Рецепт за убав ден на Давид Давидовски
Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со водителот Давид Давидовски.
Денот го започнувам реалитивно многу рано, јас сум ранобудник, колку и да сум имал бурна ноќ пред тоа секогаш станувам рано. Првата работа е да се заблагодарам на универзумот што сум жив и здрав јас како и моето семејство, па потоа венаш гледам што има ново на интернет и на социјалните мрежи поврзано за мене, како и за естрадата, па и за политиката. Ако ноќта сум ја поминал сам без партнерка, веднаш и се јавувам на најдрагоценота личност во мојот живот, а тоа е мајка ми , па го пијам утринското кафе и префирирам првото кафе да го пијам сам, се туширам, појадувам и се облекувам ултра модерно и веднаш одам да ги завршувам своите обврски. Најчесто првата обврска ми е снимање на радио-емисија во мојата матична куќа Метрополис и кога сопственикот на Метрополис Дарко ќе го видам радположен, автоматски и мене ми се разубавува денот, затоа што тој е човек кој многу го почитувам, сакам и ценам. Потоа снимам тв-емисија за мојата јутјуб емисија ,,Ти реков ми рече”. Во попладневните часови одам на некој бизнис состанок во ресторан или некаде на пијачка со пријатели, па дома најчесто објавувам слики и видеа по социјалните мрежи, ги посетувам моите родители. И во зависност од расположението ноќта ја кулминирам или со добра книга или во ноќен провод. Среќата на луѓето од моето опкружување ме прави среќен. Новото утро, сонцето, небото ме прават среќен, а најмногу среќен ме прави кога ќе се видам гол во огледало и кога ќе си речам: Давид машала! Хаха