Да ме праша некој од што се плашам, би рекла од гардеробата
Да ме праша некој од што се плашам, би рекла од гардероба.
Купишта испрани алишта чекаат да се испеглаат. Го чекаат моето слободното време, да ги испеглам и да ги наредам во шкафовите. Со раѓањето на првото а тек потоа и на второто дете, таа количина алишта за перење, пеглање и диплење ги надмина сите граници на нормалност и се претвори во огромен предизвик. Едно време бев толку професионална во тоа што помислив да отворам перална.
Мојот сопруг ми предложи да купам пластични вили со кои можам да ги раширам алиштата низ станот додека чекаат да се испеглаат. Алиштата буквално ме демнеат и напаѓаат од сите страни, од кошот за веш – валкани, од жицата за простирање – чисти, покрај даската – за пеглање.. изгледа нема да заврши и се така додека живеам. Еден ден и реков на пеглата – Не!
Нема повеќе да се дружиме во слободното време! Ниту си мој пријател, ниту сестра си ми, чао! И здивнав, почнав да дишам.
Конечно мирисот на слободата.. една обврска помалку во недела.. и за чудо сите во куќата се живи, здрави, малку изгужвани (се гледа кога добро ќе погледнете), но среќни затоа што во недела мама веќе не ја прави најважната работа на светот – пеглање.
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk