Бременоста во лето има многу предности!
Иако многу мислат дека бременоста во лето е претешка поради високите температури, сепак ваквата состојба има и неколку предности. Составивме листа од предности на бременоста во лето, а некои од нив се и ептен забавни!
Слободно може да пливате и да се разладувате. Всушност, пливањето во море е физичка активност која ќе ве направи да се чувствувате удобно додека ја практикувате.
Не мора да се замарате со диети и витка линија. Вие сте бремена и никој нема да ви замери за некој килограм плус.
Бременоста е период кога може да се случи вашите нозе да отечат. Предноста на тоа да сте трудна во лето е тоа што нема да имате потреба да ја стегате ногата во крути чизми. Само облечете ги омилените сандалки.
Можете слободно да уживате во дупла порција сладолед без грижа на совест. Сепак, сега јадите за двајца, нели? 🙂
Конечно ќе ги износите сите фустани кои ви се во плакарот и се растегливи, бидејќи ќе ви бидат најудобни за носење. Нема потреба да се стегате во труднички фармерки или хеланки.
Смеете да го добиете столчето или лежалката кои се под сенка.
И не заборавајте максимално да го искористите летото и да уживате во него, бидејќи веќе од следното нештата ќе бидат поинакви.