Полнето тесто- пица плетенка со сусам!
Испробајте го овој интересен рецепт!
Потребно за тестото: 450гр меко брашно, 300мл јогурт, 1 лажичка шеќер, 0,5дл масло, 1 јајце и 1 лажичка сув квасец.
За посипување и премачкување: 1 јајце матено со 1 лажица млеко и сусам по желба.
За полнење: пица сос, изрендано сирење, изрендан кашкавал, маслинки, шунка и печурки.
Подготовка: Квасецот со шечерот се додава во малку загреаниот јогурт и се одтава 10 минути да отстои. Во брашното се ставаат јајцето, маслото, солта и стасаниот квасец. Се меси и се остава да стаса околу час и половина. Тестото се развлекува по должина (правоаголно) со дебелина од околу 4мм. страните се сечат косо така да ширината измеѓу нив да вибе 2,5см а внатрешноста 5см.
На средината се полни по следниот редослед: изренданото сирење, сосот за пицата, кашкавалот, маслинките, печурките па на крај шунката.
Прво се затвораат пократките краеви на правоаголникот а потоа и засечените и се префрлуваат наизменично од лева на десна страна како плетенка. Тестото се става на подмачкан плех со хартија за печење и се покрива со фолија да отстои уште 30мин. Се става во загреана рерна на 200 степени, се премачкува со јајцето и сусамот и се пече околу 25минути додека плетенката од тесто не добие златна боја.
Добар апетит!