Убави книги и филмови

Три книги кои ќе ве мотивираат, едуцираат и развеселат!

Ви нудиме предлози за книги кои ќе ви помогнат да живеете поздраво, посреќно и во хармонија со себеси. Вреди да ги прочитате веднаш!

Книга за телото (Камерон Дијаз и Сандра Барк) Во „Книга за телото“ Камерон ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност. Храни го, движи го, разбери го и сакај го своето неверојатно тело. Моќен, едукативен и инспиративен прирачник за секоја жена.

Правила за прочистување (Кацуџо Ниши) Во оваа книга ќе сретнете правила за прочистување: емоционално, мисловно и духовно прочистување. Прочистување на желудочно-цревниот тракт, бубрезите, белите дробови, црниот дроб и на крвта. Вежби на дишење за остранување на стресот, за хармонизација и за дополнување на организмот со животна енергија.

Природно лекување со сокови од овошје (Норман Вокер) Д-р Норман Вокер е диетолог, творец на системот за сокотерапија или за жива храна. Во 1930 година, тој ја откри терапевската важност на свежите сокови. Негово дело е и соковникот за добивање свежи сокови од овошје и зеленчук.

 

Поврзани статии

Back to top button