ЖивотУбави совети
Подгответе ги највкусните кнедли за најмилите!
Супата е совршен оброк кога во неа има кнедли. Ние ви нудиме рецепт за највкусните кнедли. Едноставни се и брзи за подготовка. Конзумирајте ваква вкусна и здрава супа во текот на целата година.
Се меша една белка од јајце во сува чинија па се додава жолчката и таа се меша, па потоа се додава малку сода бикарбона. Во еден филџан се мати една лажица домашна маст. Сето ова се меша, па се додава малку сол и гриз за да добиете средно меко тесто. Со помош на две лажички се оформуваат топчиња и се додаваат во зовриената супа. Потребни им се околу 10мин на тивок оган.